Оли Мустонен

Финскиот пијанист Оли Мустонен (1967) има уникатно место на денешната музичка сцена. Следејќи ја традицијата на големите мајстори како Рахмањинов, Бусони и Енеску, Мустонен создава вкусна комбинација од неговото образование како пијанист, но и како композитор и диригент. На мошне рана возраст почнал да учи пијано, чембало (под менторство на Ралф Готони и Еро Хеинонен) паралелно […]

Олег Кондратенко

Еден од најистакнатите македонски виолинисти Олег Кондратенко (1973) почнал да свири виолина на седум годшна возраст. Нижото и средното образование го завршил во МБУЦ „Илија Николовски-Луј“ во Скопје, во класата на проф. П. Николов и Р. Димитриев. Студиите ги продолжил во Ротердам, Холандија во класите на проф. И. Груберт и З. Гилелс, каде ја завршил првата година. […]

Олга Шепс

Руската пијанистка Олга Шепс почнува да изучува пијано на само пет годишна возраст. Во 1992 година нејзиното семејство ќе се пресели од Москва во Германија, и тоа ќе стане новиот дом на Шепс, но и ново тло за изучување на музика. Моментно, активна е како концертен пијанист не само во Германија, туку и во Русија и во […]

Нинг Фенг

Еден од водечките виолинисти во Кина денес, Нинг Фенг, иако постојано настапува во својата земја со видни оркестри, тој е и еден од најбараните музичари и во Европа. Моментно живее во Берлин и ужива светска кариера. Критиката ќе го оцени како уметник со прекрасен лиризам и емотивна транспарентност, како музичар со инспиративни технички остварувања. Нинг […]

Нина Костова

Пијанистката Нина Костова музичкото образование го стекнува во Скопје, во класата на реномираните професори од Московскиот конзерваториум „Петар Илич Чајковски“ – Људмила и Борис Романови. Во текот на своето образование, таа е добитничка на бројни награди и признанија и често настапува на европските сцени: Велика Британија, Франција, Италија, Бугарија, Турција… Во периодот од 1991 до […]

Николас Алтштед

Познат во светот на класичната музика како еден од најголемите виртуози денес, германско-францускиот виолончелист Николас Алтштед е и еден од најбараните уметници. Како солист, но и како диригент, тој постојано ја освојува публиката изведувајќи дела од периодот на барокот, па сè до современите творби. Во почетокот на сезоната 2017/2018 година, Алтштед премиерно го изведе новиот Концерт за […]

Никита Борисо-Глебски

Кариерата на Никита Борисо-Глебски како виолинист рапидно порасна кога во 2010 година стана победник на Интернационалниот виолински натпревар „Јан Сибелиус“ и на Интернационалниот натпревар за виолина „Фриц Крајслер“. Добитник е на уште врвни награди на девет престижни виолински натпревари, меѓу кои и на „Чајковски“ и „Кралицата Елизабета“. Борисо-Глебски настапува со значајни оркестри, меѓу кои: симфонискиот оркестар „Марински“, […]

Мојца Злобко Вајгл

Мојца Злобко Вајгл е една од најпочитуваните харфистки не само во Словенија и во рамките на просторите на поранешна Југославија, туку зад себе има богата интернационална кариера како солист и како камерен музичар. Предава на Академијата за музика во Љубљана, каде што дипломирала во 1991 година, период кога почнува да работи и како соло харфистка во […]

Милан Силјанов

Бас-баритонот Милан Силјанов моментно е член на оперското студио во Баварската државна опера во Минхен, а веќе од следната сезона ќе стане редовен член на солистичкиот ансамбл на оваа престижна германска оперска куќа. Студирал на познатата „Гилдхол“ школа за музика и драма во Лондон, на отсекот опера под менторство на проф. Рудолф Пјерне. Победник е на престижниот […]

Skip to content