Оли Мустонен

Финскиот пијанист Оли Мустонен (1967) има уникатно место на денешната музичка сцена. Следејќи ја традицијата на големите мајстори како Рахмањинов, Бусони и Енеску, Мустонен создава вкусна комбинација од неговото образование како пијанист, но и како композитор и диригент. На мошне рана возраст почнал да учи пијано, чембало (под менторство на Ралф Готони и Еро Хеинонен) паралелно и композиција со познатиот современ фински композитор Раутавара. Мустонен зад себе има завидна кариера како концертен пијанист соработувајќи со сите водечки оркестри како Берлинска филхармонија, Минхенска филхармонија, Чикаго Симфонија, Њујоршката филхармонија..., со врвни диригенти како Ашкенази, Баренбоим, Булез, Дутоа, Мазур, Нагано... Едни од неговите позначајни настапи се изведбите на пијано концертите од Бела Барток со Би-би-си симфонискиот оркестар на Шкотска и Кралскиот филхармониски оркестар на Стокхолм, како и со Оркестарот на Париз под палката на Пааво Јарви. Мустонен настапи и со Унгарската филхармонија со диригентот Золтан Кочиш кога беше поканет да гостува како солист на Гала концертот и на завршната церемонија на Зимскиот интернационален уметнички фестивал во Сочи, свирејќи со Камерниот оркестар „Московски солисти“ под палката на Јури Башмет. Често настапува и како рецитален пијанист ширум светот во сите престижни концертни сали и во рамките на најдобрите фестивали за класична музика. Еден од поважните негови настапи се издвојува и светската премиера на Концертот за пијано бр. 5 од Родион Шчедрин посветен токму нему, под водство на Еса-Пека Салонен и Филхармонијата на Лос Анџелес. Оли Мустонен е добитник на мноштво значајни награди и со право е нарекуван најдобриот пијанист на неговата генерација.

Skip to content