Никита Борисо-Глебски

Кариерата на Никита Борисо-Глебски како виолинист рапидно порасна кога во 2010 година стана победник на Интернационалниот виолински натпревар „Јан Сибелиус“ и на Интернационалниот натпревар за виолина „Фриц Крајслер“. Добитник е на уште врвни награди на девет престижни виолински натпревари, меѓу кои и на „Чајковски“ и „Кралицата Елизабета“. Борисо-Глебски настапува со значајни оркестри, меѓу кои: симфонискиот оркестар „Марински“, Филхармонијата на Хелсинки, Московската филхармонија, Радио-симфонискиот оркестар на Виена, Варшавскиот симфониски оркестар, Бриселската филхармонија, Филхармонијата во Кансаи, Пекиншкиот симфониски оркестар, Гетеборшкиот симфоникер оркестар, Кралската филхармонија во Антверпен, Лондонскиот камерен оркестар... со едни од најзначајните диригентски имиња како што се: Валери Гергиев, Око Каму, Сакари Орамо, Хану Линту, Ери Клас, Владимир Федосеев, Дмитри Лис, Конрад ван Алфен, Гилберт Варга, Давид Афхам, Лионел Брингер... Редовно настапува и на еминентни светски фестивали. Во однос на соло ангажманите, пак, тој ги уживал соработките со реномираните музичари: Сеиџи Озава, Родион Шчедрин, Наталија Гутман, Гидон Кремер, Јури Башмет, Аугустин Думај, Андрас Шиф, Борис Березовски, Жан-Филип Колард, Александер Книазев, Рафаел Валфиш, Мишел Штраус, Жан-Клод Ванден Ејден... Никита Борисо-Глебски е роден во Волгодонск, Јужна Русија. Негови ментори низ изминатите години биле: Едвард Грах и Татијана Беркул во Москва, Аугустин Думај во Брисел и Ана Чумаченко во Кронберг. Во изминатите години, покрај гореспоменатите, се стекнал со неколку интернационални награди и титули – „Виолинист на годината“ од интернационалната фондација „Маја Плисетскаја и Родион Шчедрин“ (САД), „Личност на годината“ од страна на значајниот музички магазин во Русија „Musical review“, наградата „Виртуоз“ од италијанскито гудачкиот сојуз на фондацијата „Антонио Страдивари“... Борисо-Глебски свири на виолина „матео гофрилер“ од 1720 година.

Skip to content