Григориј Краско

Григориј Краско дипломирал виолина и диригирање на академијата „Гнесина“ во Москва. Лауреат е на повеќе први награди на национални натпревари за виолинисти во рамките на поранешниот Советски Сојуз. Во оркестарот на славниот „Бољшој“ театар е примен во 1972 година, а по неколку сезони ја добил улогата на солист и концертмајстор. По 12 години работа во оркестарот […]

Владимир Ашкенази

Диригирањето е главна преокупација на маестро Владимир Ашкенази (1937) во последните 30 години, иако интернационално е познат и како еден од врвните пијанисти. Роден е во Русија, од 1972 година има Исландско државјанство, а од 1978 година живее во Швајцарија. Ашкенази е почесен лауреат диригент на „Филхармонија“ оркестарот од Велика Британија (со седиште во Лондон), […]

Виктор Митревски

Виктор Митревски роден во Скопје 1987 година потекнува од музичка фамилија. На седумгодишна возраст започнува со часови по виолина. После успешниот матурски концерт во кој првиот дел свири на виолина, а во вториот пијано, во 2005 година започнува со студии по оркестарско диригирање на универзитетот Св. Кирил и Методиј во класата на Саша Николовски-Ѓумар. Во […]

Ален Бурибајев

Маестро Ален Бурибајев е шеф-диригент во Операта во Астана во Казахстан, а во неговата биографија се забележани и ангажманите како шеф-диригент на РТЕ оркестарот (2016), на Норкопинг симфонискиот оркестар во Шведска (2006-2011), шеф-диригент на Брабант оркестарот во Холандија (2007-2012) и главен гостин-диригент на Јапонскиот симфониски оркестар во Осака (2014-2018). Неговиот интензитет и спонтаност во диригирањето, […]

Алексеј Огринчук

Алексеј Огринчук е еден од најистакнатите обоисти на денешницата- дипломира на школата за музика „Гнесина“ и Парискиот конзерваториум, учејќи со Морис Бурж, Жак Тис и Жан-Луј Капацали, каде созрева како уметник кој комбинира неверојатна техника со виртуозност и лирицизам. Роден во Москва, Алексеј уште на тринаесет годишна возраст настапува низ цела Русија, Европа и Јапонија, […]

Benjamin Piano Trio

The Benjamin Piano Trio   The traditional, extremely zestful Benjamin Piano Trio, named after Emir Imerov’s dog Ben, was founded in 2009 by the cellist Alexander Kaganovski and the violinist Emir Imerov. Both artists hold leading positions as members of the Solistes Européens Luxembourg. They also play as top musicians with the Israel Philharmonic Orchestra under Zubin Mehta, […]

Борјан Цанев

Со настапите дома и во странство, а особено со последните гостувања со Краковската, Северночешката, Софиската и Македонската филхармонија, Борјан Цанев останува еден од најбараните диригенти во Македонија и во поширокиот регион. Маестро Цанев ја балансира својата кариера помеѓу сценските настапи и наставата како професор на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Неговиот 20 годишен ангажман […]

Дијана И. Илкоска

Дијана И. Илкоска (1988) е една од најнадежните македонски диригенти. Своето образование го стекнува на Факултетот за Музичка Уметност – Скопје каде дипломира во класата на проф. Саша Николовски-Ѓумар (Оркестарско диригирање во 2014 г., Хорско диригирање и Музичка Теорија и Педагогија во 2011 г.), а магистрира во класата на проф. Борјан Цанев во 2018 г. Уште […]

Skip to content