Григориј Краско

Григориј Краско дипломирал виолина и диригирање на академијата „Гнесина“ во Москва. Лауреат е на повеќе први награди на национални натпревари за виолинисти во рамките на поранешниот Советски Сојуз. Во оркестарот на славниот „Бољшој“ театар е примен во 1972 година, а по неколку сезони ја добил улогата на солист и концертмајстор. По 12 години работа во оркестарот на „Бољњој“, со кој ги посетил најпознатите сцени во Европа, САД, Азија, Австралија. Во 1990 година станува концертмајстор на Московската филхармонија и водач на камерниот оркестар „Московски филхармоничари“. Како диригент и солист на овие ансамбли настапувал на престижни сцени ширум светот. Од 1993 до 1999 година, бил првиот виолинист и менаџер на квартетот „Солисти на Московската филхармонија“, со кои настапувал во Русија и во европските земји. Соработивал  со најзначајните диригенти како: Јуриј Свбетланов, Генадиј Рождественски, Јуриј Темирканов, Дмитриј Китајенко, Јуриј Симонов, Лорин Мазел, Рудолф Баршаи. Григориј Крашко настапувал и со многу истакнати солисти: Јехуди Менухин, Исак Штерн, Наталија Гутман, Виктор Пикајзен, Максим Венгеров, Вадим Репин, Лучијано Павароти... Од 2000 до 2008 година бил професор по виолина на академијата „Гнесина“ во Москва. Потоа заминал во Црна Гора каде што во 2008 станал концертмајстор на Црногорскиот симфониски оркестар и водач на ансамблот „Црногорски гудачи“. Од 2012 е ангажиран како диригент на ЦСО со кој извел многубројни дела од светстото музичко богатство, како и дела од домашни автори.

Skip to content