Алексеј Огринчук

Алексеј Огринчук е еден од најистакнатите обоисти на денешницата- дипломира на школата за музика „Гнесина“ и Парискиот конзерваториум, учејќи со Морис Бурж, Жак Тис и Жан-Луј Капацали, каде созрева како уметник кој комбинира неверојатна техника со виртуозност и лирицизам. Роден во Москва, Алексеј уште на тринаесет годишна возраст настапува низ цела Русија, Европа и Јапонија, […]

Benjamin Piano Trio

The Benjamin Piano Trio   The traditional, extremely zestful Benjamin Piano Trio, named after Emir Imerov’s dog Ben, was founded in 2009 by the cellist Alexander Kaganovski and the violinist Emir Imerov. Both artists hold leading positions as members of the Solistes Européens Luxembourg. They also play as top musicians with the Israel Philharmonic Orchestra under Zubin Mehta, […]

Борјан Цанев

Со настапите дома и во странство, а особено со последните гостувања со Краковската, Северночешката, Софиската и Македонската филхармонија, Борјан Цанев останува еден од најбараните диригенти во Македонија и во поширокиот регион. Маестро Цанев ја балансира својата кариера помеѓу сценските настапи и наставата како професор на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Неговиот 20 годишен ангажман […]

Дијана И. Илкоска

Дијана И. Илкоска (1988) е една од најнадежните македонски диригенти. Своето образование го стекнува на Факултетот за Музичка Уметност – Скопје каде дипломира во класата на проф. Саша Николовски-Ѓумар (Оркестарско диригирање во 2014 г., Хорско диригирање и Музичка Теорија и Педагогија во 2011 г.), а магистрира во класата на проф. Борјан Цанев во 2018 г. Уште […]

Емил Табаков

http://www.emiltabakov.com Маестро Емил Табаков (1947) од Бугарија се смета за еден од најзначајните диригенти на овие простори. Образованието го завршува на Бугарската државна академија студирајќи контрабас на гудачкиот оддел, паралелно студира и дипломира на одделот за диригирање, а во 1978 година дипломира и на одделот по композиција. Една година пред тоа, Табаков ја освојува првата награда на […]

Антони Вит

Добитникот на „Греми“ – маестро Антони Вит е еден од највлијателните полски диригенти и, воопшто, еден од најпочитуваните ликови на полската музичка сцена денес. Откако ја освоил престижната награда „Херберт вон Карајан“ на Интернационалниот натпревар по диригирање во 1971 година и бил асистент на славниот Карајан на Источниот фестивал во Салцбург, тој соработувал со сите водечки оркестри […]

Тимоти Редмонд

https://www.timothyredmond.com Тимоти Редмонд студира обоа на Кралскиот северен колеџ за музика, а подоцна се усовршува на мајсторски курсеви по диригирање со Јан Паскал Тортелије, Иља Мусин, Џорџ Хрст и Пјер Булез. Од 2006 година Тимоти Редмонд е шеф-диригент на Филхармонијата на Кембриџ и диригира со сите водечки британски оркестри, меѓу кои Лондонскиот симфониски оркестар, Кралскиот филхармониски […]

Габриел Бебешелеа

Музичката  репутација на Габриел Бебешелеа брзо почнала да расте по воодушевувањата од страна на критиката и публиката, за неговата исклучителна музикалност и ентузијазам со кој ги предводи оркестрите. Со Симфонискиот оркестар на Берлинското радио тој сними ЦД со сè уште необјавената опера на Жорж Енеску – „Духови“, како и со неговата „Пасторала-фантазија за мал оркестар“. […]

Конрад Ван Алфен

https://www.conradvanalphen.com Конрад ван Алфен е инспиративен диригент кој ги прави нештата да се случуваат, ќе напише критиката за холандскиот маестро. Етаблираниот холандски/ јужноафрикански диригент Конрад ван Алфен се стекнал со својата популарност и кај оркестрите и кај публиката благодарение на посебниот начин на кој тој ги води пробите и изведбите. Маестро Ван Алфен е уметнички директор […]

Skip to content