Феми Кути

Нигерискиот исклучителен музичар Феми Кути (роден во Лондон) пред се е познат како најстар син на пионерот на афробитот, големиот Фела Кути. Но, и покрај тоа што тој ја продолжува звучната патека која што ја трасираше неговиот татко, Феми Кути создаде сопствен израз на музицирање кој го прави автентичен и единствен. Неговите почетоци со музиката се од […]

Суат Арикан

По дипломирањето на Државниот конзерватирум во Анкара, Суат Атикан континуирано го развива својот стил и репертоар кој опфаќа улоги од оперски дела од 17 век до современа музика. На сцената ги реализира улогите на Ферандо во „Трубадур“, Банко во „Магбет“, Јаго во „Отело“, Дон Базилио во „Севилскито берберин“, Дон Кихот во истоименото оперско дело и […]

Сојанг Јун

Изведбите на виолинистката Сојанг Јун, која е една од водечките виолинисти и камерни музичари на својата генерација, се опишани од критиката како: „високо дисциплинирани“ („Грамофон“), „техничка совршеност која секогаш е во служба на музиката“ („Гардијан“). Сојанг е добитник на прва награда на престижните натпревари „Јехуди Мењухин“ и „Хенрик Виењавски“, како и сребрен медал на натпреварот во […]

Сихана Бадивуку

Виолинистката Сихана Бадивуку-Хоџа (1967) се смета за една од најпрефинетите музички уметници од т.н. средна генерација. Потекнува од музичко семејство и со музиката се среќава уште на млади години. По средното музичко училиште во Приштина, образованието го стекнува на престижниот Конзерваториум „Петар Илич Чајковски“, најпрвин во Киев, а потоа и во Москва каде што дипломирала со проф. […]

Симон Трпчески

Македонскиот  пијанист со светско реноме, Симон Трпчески, добива позитивни критики за својата моќна виртуозност и длабоко изразен пристап, како и за неговото харизматично присуство на сцената. Пред дваесет години започна на меѓународната сцена како уметник од новата генерација на „Би-би-си“, и во својата неверојатно брзорастечка кариера, без ограничувања во музиката, има соработувано со над стотина […]

Сергеј Крилов

Сергеј Крилов (1970, Москва) се смета за еден од најталентираните виолинисти на својата генерација. Тој е веќе етаблиран и како диригент, а особено значајно во неговата кариера е неговата функција како директор на Литванскиот камерен оркестар со кој редовно ја презема двојната улога на солист и диригент. Настапувал на сите значајни концертни подиуми, меѓу кои […]

Skip to content