УРОШ ЛАЈОВИЦ

Урош Лајовиц е роден на 4 јули 1944 година во Љубљана. Студирал композиција и диригирање на Музичката академија во Љубљана, каде што и дипломирал на двете насоки во 1967, односно 1969 година. За исклучителни остварувања во двете области, во 1968 и 1969 година ја добил студентската Прешернова награда. Се усовршал на Високата школа за музика […]

Габриел Фелц (Германија)

Габриел Фелц е шеф-диригент на Белградската филхармонија од сезоната 2017/18 година. Од 2013 година работи и како генерален музички директор на Дортмундската опера и шеф-диригент на Филхармонијата во Дортмунд. По три многу успешни години, договорот му е обновен до 2023 година. Со необичните програми и забележливото подобрување на уметничкиот квалитет, успеа знајачно да ја зголеми […]

ПАСКАЛ ГАЛОА

Како уметник со многу таленти и мајстор на фагот, еден од најенигматичните дувачки инструменти, Паскал Галоа е солист, оркестарски музичар и професор кој остава печат и со својата работа како диригент. Неговата прва изведба на „Секвенца 7“ од Берио беше исклучително важен настан за неговата кариера, исто како и неговата изведба на „Дијалог на сенките“ […]

Џијан Емин

Џијан Емин е човек со (без) име и презиме. Токму онака како што своевремено пееше „Архангел“, група во којашто едно време и самиот беше член. Име и презиме кое се запаметува на прва, човек за кого и светот слушна. Неговата силна желба сето она што како музички уметник во младоста го стекнал и го практикувал да […]

Џеси Милинер

„Откажи се од твоето чувство за контрола. Признај си дека не можеш да предвидиш што ќе се случи следно. Потоа, процесот може да се развива во својата виталност. Во компонирањето, во изведбата, како и во интеракцијата со публиката. И потоа навистина ќе почувствуваш дека музиката е таа која што се придвижува напред!“ Џеси Милинер (роден во Келн, […]

Чарлс Оливиери Мунро

https://www.olivieri-munroe.com/ Чарлс Оливиери Мунро го привлекува вниманието на јавноста комбинирајќи го неговиот талент и харизма, како што ќе напише „Њујорк Тајмс“, истакнувајќи ја страста за чистината на оркестарскиот звук, како што ќе додаде „Торонто Стар“. Тој е уметнички директор и главен диригент на Филхармонијата во Краков од 2015 година, почесен главен диригент со Северна Чешка […]

Со Аватсуџи

Јапонскиот диригент со интернационална кариера Со Аватсуџи (1989) роден во Кјото, е добитник на Втората награда на меѓународниот натпревар по диригирање „Ловро фон Матачиќ“ за 2015 година. Од 2007 до 2011 година, маестро Аватсуџи студира со проф. Нобутака Масуи на Градскиот универзитет на уметностите во неговиот роден град, додека од 2012 до 2015 година студира со […]

Сашо Татарчевски

Сашо Татарчевски е роден во Битола каде се здобива со основно и средно музичко образование. Дипломира и магистрира на ФМУ Скопје на катедрите за хорско и оркестарско диригирање а посетува и мајсторски курсеви во Њујорк, Рим, Москва, Берлин, Фиренца, Санкт Петербург и Сартеано. Настапувал со различни ансамбли вклучувајќи ги Македонската филхармонија, Оркестарот на МОБ, Симфонискиот оркестар на ИКО – Рим, Симфонискиот […]

Саша Николовски – Ѓумар

Роден во Битола во 1966 година, Саша Николовски е еден од најдобрите македонски диригенти. По завршувањето на средното образование се запишува на Електро-техничкиот факултет во Скопје, но го напушта за да се занимава со музика. Се запишува на Факултетот за музичка уметност на отсекот за музичка теорија и педагогија и дипломира како најдобар студент на генерацијата. За […]

Румон Гамба

https://www.harrisonparrott.com/artists/rumon-gamba Британскиот диригент Румон Гамба во својата досегашна кариера бил на неколку значајни позиција, меѓу нив и шеф-диригент и музички директор на Шведската оперска компанија Норланд опера (2008–2015), шеф-диригент на Алборг симфонискиот оркестар (2011–2015), како и шеф-диригент и музички директор на Симфонискиот оркестар на Исланд (2002–2010). Маестро Гамба особено се фокусира на современата музика и неговото име […]

Skip to content