Николас Чалмерс е уметнички директор на „Невил Холт Опера“ од основањето на фестивалот во 2013 година. По негово раководство во рамки на фестивалот се изведени седум нови опери и пет обнови на постари продукции... Со оркестарот на Невил Холт Опера ги диригирал „Волшебната флејта“, „Боеми“, „Вртење на штрафот“, „Кармен“, „Риголето“, „Љубовен напиток“, „Тоска“, „Така прават сите“... Чалмерс работи со водечките оркестри и хорови во Велика Британија, меѓу кои со „The BBC Singers“, оркестарот Симфонискиот оркестар на Бирминген, Англискиот камерен оркестар, Симфонискиот оркестар „Бритн“... Тој е диригент и на лондонскиот хор „Ориана“... Во Ковент Гарден работи со младинската опера, а дебитира на Би-Би-Си „Промс“ во 2020 година со „The BBC Singers“ на првата фестивалска вечер. Студирал музика на колеџот „Линколн“, „Оксфорд“ и конзерваторумот „Пјаценца“. „Она што ја прави изведбата посебна е музичката магија која ја прави Чалмерс водејќи го оркестарот. Има посебно чувство на детектирањето на талентирани  млади оперски пејачи“, пишува „Сандеј тајмс“ за Николас Чалмерс.  

Skip to content