Гудни А. Емилсон

Гудни А. Емилсон е роден во Рејкјавик, Исланд. На четиригодишна возраст започнува да зема часови по музика кај неговиот татко. Како магистранд на Државниот универзитет Тросинген во Германија, студира пијано кај Волфганг Вагенхаусер и диригирање кај Валтер Хаглер. Посетувал мастер класови по диригирање кај Валтер Хаглер, Кирк Тревор, Лутц Кохлер, Рудолф Баршаи, Илја Мусин, Хелмут Рилинг... Како диригент настапил со водечки светски оркестри како Филхармонијата на Штутгарт, Симфонискиот оркестар на Нирнберг, Симфонискиот оркестар на Гетинген, Камерниот оркестар на Манхајм, Симфонискиот оркестар на универзитетот во Лајпциг и Северно-германската филхармонија. Како диригент настапил и со оркестри во Црна Гора, Бугарија, Грција, Чешка, Унгарија, Полска, Австрија. Надвор од Европа бил поканет како гостин-диригент да го води Арктичкиот камерен оркестар (САД), оркестарот „Сеси“ (Бразил)... Од 2000 до 2004 година тој е шеф-диригент на камерниот оркестар „Сук“ од Прага. Од 2005 година е шеф-диригент на Симфонискиот оркестар на Тајланд.

Skip to content