Томас Сандерлинг

Russian-born conductor Thomas Sanderling is closely associated with the music of Dmitry Shostakovich. He has conducted a mixture of orchestras worldwide, generally to critical acclaim, and made a number of successful recordings. He has developed an equally respected reputation in opera, particularly for performances in the most important operatic centers in Germany, Austria, and Scandinavia. […]

Бисера Чадловска

Родена е 1978 година во Скопје. Дипломира во 2001 година на Факултетот за музичка уметност во Скопје, на отсекот по оркестарско диригирање во класата на професорот Фимчо Муратовски. Пост-дипломските студии по симфониско и оперско диригирање, ги завршува на Државната музичка академија во Софија. По завршувањето на студиите почнува да работи како хор-мајстор во Македонската опера […]

Ребека Тонг

Ребека Тонг е матичен диригент на Симфонискиот оркестар на Џакарта и уметнички директор на Ансамблот за современа музика во Џакарта. За време на студиите работела како асистент во Филхармонискиот оркестар на Би-би-си и со Кралскиот филхармониски оркестар на Ливерпул. Соработувала и со „Манчестер камерата“. Во сезоната 2020/21 година дебитирала со Оркестарот на Париз, Францускиот оркестар […]

Гудни А. Емилсон

Гудни А. Емилсон е роден во Рејкјавик, Исланд. На четиригодишна возраст започнува да зема часови по музика кај неговиот татко. Како магистранд на Државниот универзитет Тросинген во Германија, студира пијано кај Волфганг Вагенхаусер и диригирање кај Валтер Хаглер. Посетувал мастер класови по диригирање кај Валтер Хаглер, Кирк Тревор, Лутц Кохлер, Рудолф Баршаи, Илја Мусин, Хелмут […]

Бенџамин Шварц

„Бенџамин Шварц е сензација. Со неговата чиста енергија, перфектна техника во комбинација со мотивиран оркестар, тој успева да продуцира возбудлив и култивиран звук.“ Ова се дел од зборовите со кои критичарите го опишуваат харизматичниот диригент Бенџамин Шварц, кој, како што оценуваат, „има јасна визија во своите интерпретации“. Овие квалитети заедно со широкиот репертоар на дела […]

Николас Чалмерс

  Николас Чалмерс е уметнички директор на „Невил Холт Опера“ од основањето на фестивалот во 2013 година. По негово раководство во рамки на фестивалот се изведени седум нови опери и пет обнови на постари продукции… Со оркестарот на Невил Холт Опера ги диригирал „Волшебната флејта“, „Боеми“, „Вртење на штрафот“, „Кармен“, „Риголето“, „Љубовен напиток“, „Тоска“, „Така […]

ВАЊА ЃУМАР НИКОЛОВСКИ

ВАЊА ЃУМАР НИКОЛОВСКИ Се школува во Скопје, каде што на Факултетот за музичка уметност во 1992 година дипломира на одделот за диригирање (класа на проф. Фимчо Муратовски), а во 1993 година на одделот за композиција (класа на проф. Властимир Николовски). Во 1995 и 1996 година специјализира диригирање во Санкт Петербург на Конзерваториумот „Николај Римски Корсаков“, […]

Лубнан Балбаки

„Музиката е импулс, инспирација, молитва. Таа е сигурен начин да се патува во други димензии. Талентот не може да се научи, но, може и треба да се развива. Талентот, сам по себе, никогаш нема да биде доволен за вистински успех, исто како што трудот без талент нема никогаш комплетно да се материјализира”.   Лубнан Балбаки […]

УРОШ ЛАЈОВИЦ

Урош Лајовиц е роден на 4 јули 1944 година во Љубљана. Студирал композиција и диригирање на Музичката академија во Љубљана, каде што и дипломирал на двете насоки во 1967, односно 1969 година. За исклучителни остварувања во двете области, во 1968 и 1969 година ја добил студентската Прешернова награда. Се усовршал на Високата школа за музика […]

Габриел Фелц (Германија)

Габриел Фелц е шеф-диригент на Белградската филхармонија од сезоната 2017/18 година. Од 2013 година работи и како генерален музички директор на Дортмундската опера и шеф-диригент на Филхармонијата во Дортмунд. По три многу успешни години, договорот му е обновен до 2023 година. Со необичните програми и забележливото подобрување на уметничкиот квалитет, успеа знајачно да ја зголеми […]

Skip to content