Милан Силјанов

Бас-баритонот Милан Силјанов моментно е член на оперското студио во Баварската државна опера во Минхен, а веќе од следната сезона ќе стане редовен член на солистичкиот ансамбл на оваа престижна германска оперска куќа. Студирал на познатата „Гилдхол“ школа за музика и драма во Лондон, на отсекот опера под менторство на проф. Рудолф Пјерне. Победник е на престижниот […]

Мидори

Американската виолинистка по потекло од Јапонија, Мидори (1971), се смета за една од највиртуозните уметници на новата генерација класични уметници. Минатата 2014/2015 концертна сезона Мидори беше дел од светската премиера на новото дело „Оскар“ на современиот австриски композитор Јоханес Марија Штауд, на фестивалот во Луцерн, како и во „Концертхаус“ во Виена, настан кој привлече огромно внимание. […]

Марина Николовска

Марина Николовска го завршува нижото музичко образование на отсекот флејта во класата на професор Силвана Чулева – Атанасова. Средното музичко училиште го завршува во МБУЦ „Илија Николовски – Луј“ – Скопје на отсекот обоа во класата на професор Гордана Јосифова – Неделковска. Во 2007 година дипломира на факултетот за музичка уметност во класата на истиот професор […]

Лукас Вондрачек

„Пијанистот Лукас Вондрачек е господар на совршено изразени текстури“, ќе напише магазинот „Стрејтс тајмс“ за чешкиот т.н. супер пијанист (1986). Нарекуван е и „најголемиот пијанистички талент на нашето време“. Од неговото деби кое ќе го оствари на 14 години со Чешката филхармонија, под палката на маестро Владимир Ашкенази, Вондрачек настапува ширум светот со реномирани оркестри, вклучувајќи […]

Skip to content