Марина Николовска

Марина Николовска го завршува нижото музичко образование на отсекот флејта во класата на професор Силвана Чулева – Атанасова. Средното музичко училиште го завршува во МБУЦ „Илија Николовски – Луј“ – Скопје на отсекот обоа во класата на професор Гордана Јосифова – Неделковска. Во 2007 година дипломира на факултетот за музичка уметност во класата на истиот професор со највисока оцена Cum Laude. Магистрира кај истиот професор во 2011 година.
Од 2005 година Марина Николовска е член на симфонискиот оркестар на Македонската филхармонија, со кој што има остварно огромен број на концерти со врвни уметнички имиња. Воедно е член и на No Borders Orchestra, составен од реномирани музичари од поранешните југословенски простори. Настапувала и со Балканскиот камерен оркестар. Од 2013 година е член на Балканскиот секстет ProArte, составен од музичари од Македонија, Албанија и Косово, со кој оствариле концерти во Македонија и странство.
Марина Николовска учествувала на повеќе државни и меѓународни натпревари и е добитник на повеќе награди.
Настапувала како солист со Македонската филхармонија во 2002, 2005, 2006, 2007 и 2010 година. Во 2011 година настапила како солист со оркестарот на Факултетот за музичка уметност.

Skip to content