Јовица Илиевски

виола

Роден е во 1975 година во Скопје. Музичката наобразба ја започнал на пет и полгодишна возраст. Во 1993 година, го завршил средното музичко училиште „Илија Николовски-Луј“ во Скопје, изучувајќи го инструментот виола во класата на проф. Љупчо Соколов. Дипломирал во1998 година на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата на проф. Љубомир Господинов. За време на студиите, работел како хонорарен соработник во Македонската филхармонија и во Опера, а во 1999 година стапува во редовен работен однос виола тути во Македонската филхармонија.Членувал во голем број светски оркестри во Германија, Италија, Грција, а воедно и како претставник од Македонската филхармонија во оркестарот на Олимписките игри во Атина. Членувал во многу камерни оркестри во земјава и во странство, меѓу кои и во Камерниот оркестар на Македонската филхармонија. Исто така, има учествувано и во неколку гудачки квартети, а воедно е и основач на еден гудачки квартет.

Покрај класичната музика, има особен интерес и за џез-музиката, па како инспирација има направено низа аранжмани за гудачки квартет од неколку познати џез-стандарди.

Skip to content