Ѓорѓина Поповска

виолина

Своето музичко образование го започнува во Битола, во основното и средното музичко училиште под водство на  проф. Зоран Манев, а подоцна продолжува со студии на Факултетот за музичка уметност во Скопје, каде што и дипломира во класата на проф. Љубиша Кировски.

Во текот на својата музичка наобразба е добитник назначајни музички награди и признанија и на државни и на меѓународни натпреварии е член на многубројни камерни состави и оркестри во склоп на Факултетот и надвор од него.

Во 2012 година, како стипендист учествуваше и на интернационалниот Ciaccona курс во Лондон, кој традиционално се одржува секоја година предводен од Dona Lee Croft професор на Royal College of music in London.

Во 2015 година, настапува како солист придружувана од Македонската филхармонија.

Во 2016 година, учествува на  летниот камп на “InternationalMenuhinMusicAcademy” во рамките на „Охридско лето“,под водство на Максим Венгеров.

Во текот на своите студии, била и концерт-мајстор на оркестарот при Факултетот за музичка уметност, каде што соработувала сосветски познатите виолинисти Maxim Fedotov, Gernot Winischhoferи Стефан Миленковиќ.

Од 2016 година активно членува во оркестарот за снимање филмска музика F.A.M.E.’S. и оркестарот на Македонската филхармонија, а од 2019 година е и редовно вработена во Филхармонија.

Skip to content