Методија Ѓорѓиев

виолончело

Средно музичко училиште завршува во МБУЦ „Илија Николовски-Луј“ во Скопје во класата на проф. Димче Стојановски. Во 1995 година е добитник на прва награда на републичкиот натпревар по виолончело. Во 1998 година, учествува на семинар по камерна музика во Вајкерсхајм, Германија. Во 1999 година, дипломира на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата на проф. Душка Тасеска, каде што во 2003 година ги завршува магистерските студии. Бил член на клавирското трио „Еквинокс“ со кое имал бројни концерти во Скопје иво други градови. Во 2003 година, настапил со рецитал на фестивалот „Есенски музички свечености“.

Од 2006 година е постојан член на Македонската филхармонија.

Skip to content