Маријана Николовска

клавишни инструменти

Родена е во 1976 година. Своето образование го завршхува во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“и на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класите на проф.Рита Трпчева-Поповиќ и проф. Јасминка Чакар. За време на своето школување, учествува на натпревари семинари кај истакнати професори како што се Кемал Гекиќ,Арбо Валдма, Рита Кинка…

Во 2007 година, магистрира пијано-придружба и камерна музика на ФМУ во Скопје.

Со солистички настапи и како пијано-придружба, редовно настапувала на „Скопско лето“, „Денови на македонска музика“, „Интерфест“, како и во Србија, Бугарија, Романија, Чешка, Италија, САД, Белгија, Франција, Хрватска…

Од 2000 година работи како професор по пијано и пијано-придружба во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“во Скопје. Од 2003 година е хонорарен уметнички соработник на ФМУ во Скопје во класите на ударни инструменти, тромбон и туба, хорна, труба, соло-пеење и оркестарско диригирање, со чии студенти реализира дипломски и магистерски испити, натпревари и многубројни рецитали и јавни настапи.

Нејзините настапи и надвор од земјата се многубројни, од кои се издвојуваат настапите како дел од оркестрите “Orchestra L’ amoreaux”, “Orchestra regional de Cannes” (Франција)и Фламански симфониски оркестар (Белгија).

Од 2011 година е надворешен соработник, а од 2020 година и член на оркестарот на Македонската филхармонија на клавични инструменти (пијано/целеста).

Сака: море, џез-свирки, клупска журка, готвење, цртање керамика, Мароко, Њујорк…

Skip to content