Марина Николовска

втора обоа

Родена е во 1984 година во Кавадарци, каде што го завршува нижото музичко образование на отсекот за флејта во класата на проф. Силвана Чулева-Атанасова. Средното музичко училиште го завршува во МБУЦ „Илија Николовски-Луј“ во Скопје на отсекот за обоа во класата на проф. Гордана Јосифова-Неделковска. Во 2007 година, дипломира на Факултетот за музичка уметност во класата на проф. Гордана Јосифова-Неделковска со највисока оценка cumlaude, а кај истата професорка магистрира во 2011 година.

Од 2005 година, член е на Симфонискиот оркестар на Македонската филхармонија, со кој има остварно огромен број концерти со врвни уметнички имиња. Воедно е член и на “NoBordersOrchestra”, составен од реномирани музичари од поранешните југословенски простори. Настапувала и со Балканскиот камерен оркестар. Активно настапува како солист и како дел од камерни состави. Од 2013 година е член на балканскиот секстет ProArte, составен од музичари од Македонија, Албанија и Косово, со кој имала концерти во Македонија и во странство.

Учествувала на повеќе натпревари и е добитник на повеќе награди.Настапувала како солист со Македонската филхармонија во 2002, 2005, 2006, 2007 и 2010 година. Во 2011 година настапила како солист со оркестарот на Факултетот за музичка уметност.

Слободното време го поминува во читање книги, гледање серии и дружење со пријателите.

Skip to content