Игор Миташев

водач на контрабаси

Роден е во 1970 година.Дипломира контрабас во класата на проф. Велко Тодевски на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Во текот на школувањето, учествувал на повеќе натпревари, од кои се издвојува првото место на Државниот натпревар во Сараево во 1989 година во рамките на поранешна СФРЈ. Добитник е и на повеќе републички награди.

Работел како контрабасист во оркестарот на Македонската опера, а од 2000 година е вработен во оркестарот на Филхармонија. Денес е водач на групата контрабаси во оркестарот.

Освен симфониското музицирање, Миташев музицира и во камерни ансамбли што изведуваат дела од различни стилски епохи. Меѓу нив се издвојува работата во камерното студио „Бахус“, кое ја негува барокната музика и со кое има реализирано бројни настапи во Европа и во САД. Освен во овој камерен ансамбл, Миташев настапувал и во многу други камерни ансамбли – Младинскиот оркестар, Камерниот оркестар на Приштина, ансамблот за современа музика „Алеа“ и поранешниот Македонски камерен оркестар, кој го водеше најдобриот македонски диригент со интернационална кариера –маестро Ванчо Чавдарски. Член е и на Камерниот оркестар на Филхармонија. Со овие ансамбли настапувал во САД, Португалија, Чешка, Полска, Шведска, Украина…

Освен во оркестарот на Филхармонија, работи и како контрабасист во оркестарот на Косовската филхармонија, со која редовно настапува на нивните концерти.

Skip to content