Елизабета Мицева

виолончело

Со средно и високо музичко образование, инструментален отсек – виолончело,се стекнува во Скопје, во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ и на Факултетот за музичка уметност. Учествува на два натпревара по камерна музика со клавирско трио во СФРЈ и на двата е добитник на прва награда.Прво виолончело е на Оркестарот при ФМУ и на Камерниот оркестар на Фестивалот „Охридско лето“.

Се усовршува една година при Alto Perfezionamento Musicale di Saluzzo (CN) во Италија со проф. Mihai Dancila (виолончело и камерна музика) и Elizabeth Wilson (современа музика). На меѓународен натпревар во Италија, во учество на 360 камерни состави, во трио со флејта и обоа влегува во финалните пет состави. Како награда, свири во Торинската филхармонија.Од 1996 до 2000 година, студира при Arts Academy во Рим, во класата на проф. Andrea Noferini, отсек за виртуозно виолончело. Студира и со проф.Franco Maggio Ormezowsky.

Во Рим свири три години во Orchestra Regionale di Roma e del Lazio и соработува со сите стабилни оркестри како надворешен член.  во многу камерни состави, квинтети, квартети, триа. Специјалност ѝ е класична, барокна и црковна музика. Исто така, свири и многу оперско творештво.Од светските виолончелисти, свири со Мстислав Ростропович, Миша Мајски, Јо Јо Ма итн.Од 2009  година е надворешен член, а од 2011 година е постојан член на оркестарот на Македонската филхармонија.

Skip to content