Бранко Илиевски

прв тромбон

Роден е во 1986 година во Скопје. Музичкото образование го започнува во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ во Скопје, насока тромбон во класата на проф. Ташко Тодоров. Покажува успеси на натпревари во државата и надвор од неа за време на своето школување („Охридски бисери“, „Даворин Јенко“, „Љубен Пипков“, награда на Град Скопје „13 Ноември“). Своето музичко образование го надградува со учество во афирмирани музички фестивали и ансамбли во Европа и САД (YMISO, CEI-YO, Backyard Jazz Orchestra, Interlochen Arts Camp, Jazz is Back).

Високото образование го стекнува на неколку факултети во Македонија (Факултетот за музичка уметност во Скопје –  проф. Ташко Тодоров и проф. Ѓорѓи Стефановскии Универзитет „Гоце Делчев“ – проф. Кирил Рибарски), како и во САД (Lynn University во Флорида – проф. Dan Satterwhite). Магистерските студии ги завршува под менторство на проф.Александар Бенчиќ.

Од 2008 година е редовен член на Македонската филхармонија, како втор тромбон. Посетувал мастер-класови кај повеќе познати професори од класичната и џез-музиката, како што се Thomas Riccobono, Peter Herbolzheimer, Klaus Heidenreich, Conrad Herwig, Charles Vernon, James Markey, Luis Bonilla, Branimir Slokar, Joe Alessi. Од 2020 година е унапреден во прв тромбон во Македонската филхармонија.

Слободното време повторно е поврзано со разни музички активности, па, така, пее во црковно-византискиот хор „Хармосини“, активен член е на Здружението на џез-музичари на Македонија, член е на познатиот состав „Суперхикс“, а исто така остварува и многубројни звучни записи со оркестарот на F.A.M.E.’S.Project. Се појавува како гостин во разни проекти, бендови и мјузикли во Македонија.

Skip to content