Александар Ниниќ

туба

Роден е во 1989 година во Скопје. Музичката едукација ја започнува на девет години, со изучување на музичкиот инструмент тромбон во класата на проф. Ташко Тодоров. По десет години изучување на тромбонот, се префрлува на инструментот туба на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата на проф. Ташко Тодоров, каде што и дипломира во 2014 година.

Професионално се вклучува во оркестрите на Македонскатафилхармонија и оркестарот на Македонската опера и балет од 2012 година како надворешен соработник, а од 2015 година е редовен член на Македонската филхармонија. Како гостин се појавува во оркестарот за снимање филмска музика F.A.M.E.’S., Црногорскиот симфониски оркестар, Белградската опера и балет, а редовен член е на „Скопски брас квинтет“, „Македонски брас квинтет“ и квартетот Тромбони на Македонската филхармонија со кои остварува камерни концерти. Во 2016 година, запишува магистерски студии во класата на проф. Крунослав Бабиќ на Факултетот за музичка уметност во Белград.

Вљубеник е во симфониската и оперската музика, звукот на „американскиот оркестарски низок брас“, германски туби, концерти во живо, кошарка, планинарење.

Skip to content