Агрон Халити

заменик водач на втори виолини

Роден е во 1965 година. Средното образование го завршува во класата на проф. Билјана
Гаврилска, на отсекот за виолина. Студиите ги продолжува на Факултетот за музичка уметност воСкопје во класата на проф. Зоран Димитровски. Во 1989 година станува член во оркестарот при Македонската опера и балет сè до 1991 година. Член е на Македонската филхармонија од 1992 година како заменик-водач на втори виолини.Учествувал во оркестарот при Македонската радио-телевизија, Камерниот оркестар при Македонската филхармонија, оркестарот „Скопски солисти“ и др. Соработувал со познати диригенти, како што се: Емил Табаков, Антони Вит, Јануш Пшибилски, Урош Лајовиц, Конрад ван Алфен и многу други. Како дел на Македонската филхармонија, учествувал на многу турнеи во Израел, Кина, Оман и низ цела Европа.

„Особено ми е чест и задоволство што повеќе од 30 години сум член во оркестарот на Македонската филхармонија. Уживам во класичната музика, долгите прошетки со моето семејство и спортот“.

Skip to content