Фросина Богданоска
Фросина Богданоска е родена 1986г. во Велес, Македонија во уметничко семејство под чија закрила ги прави првите чекори и успеси со свирењето на виолина. Во текот на школувањето освојува бројни награди на натпревари за млади виолинисти а воедно и повеќе пати настапува како солист со Македонската Филхармонија, Младинскиот Оркестар на Централно Европската Иницијатива ЦЕИ, како и други камерни ансамбли. Во 2001г. се запишува на Националниот Музички Конзерваториум во Тулуз, Франција, во класата на проф. Благоја Димчевски, кај кого посетува и повеќе семинари. Дипломски и постдипломски студии завршува на Факултетот за Музичка Уметност во Скопје со највисока оцена CUM LAUDE, во класата на проф. Љубиша Кировски. Во 2010г. добива стипендија и понуда за постдипломски студии на Кралската Академија во Лондон, а во 2012г. запишува специјализација на Универзитетот за Музика и Изведувачки Уметности во Виена, во класата на проф. Антон Сороков. Настапувала во Германија, Австрија, Турција, Словенија, САД..... До 2018 беше член на Симфонискиот Оркестар на Австриското Радио РСО ОРФ Виена, а потоа станува член на Каринтискиот Симфониски Оркестар каде од 2021 год. Служи како прв Концертмајстор. Свири на виолина изработена од нејзиниот татко Светозар Богданоски.
Назад