Магдалена Дрмач

Магдалена Дрмач е родена 15.11.2006 година. На осум годишна возраст почнува да свири виолончело во Основното музичко училиште - ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“, Скопје, во класата на професорката Александра Јаневска. Во периодот од 2015 до 2023 година учествува на многу натпревари каде што освојува многу први награди. Повеќето од нив се со меѓународен, државен и регионален карактер. Натпреварите се одржале во Република Македонија, Србија, Бугарија, Хрватска, Русија и САД. Во 2021 година е лауреат на фестивалот „Отворена Европа“ во Москва. Истата година настапува со Македонската филхармонија, а во 2022 година повторно е избрана и настапува со Македонската филхармонија. Во 2022 година и е доделена наградата за најдобар ученик на гудачкиот оддел во ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“. Магдалена е лауреат на фестивалот “Полихимнија” 2023 година. Таа исто така настапува во Рим, Италија како дел од државната делегација во чест на празникот Св. Кирил и Методиј. Таа присуствува на многу мастеркласови со врвни професори како: Стефан Попов - Обединето Кралство Гал Фаганел - Словенија Вида Вујиќ - Австрија Ерих Оскар Хутер - Австрија Атанас Крастев - Бугарија Милутин Младеновиќ - Србија Александар Кузмановски - Словенија Милитијадис Касарос - Грција Таа учествувала во Камерниот оркестар на МММ „Саша Николовски - Ѓумар“ и „Нонет +“, ДММ „Ајга“, а исто така беше дел од проектот Musica un Ponte tra i Popoli, Форли, Италија, 2022 година. Магдалена е и водечки челист во симфонискиот и камерниот училишен оркестар.

Skip to content