Алексис Изар Гордон
Алексис Изар Гордон е тринаестгодишен сопран и член на Оперското училиште на Виенската државна опера, каде што се образува од својата осма година. Роден е во Лондон во 2013 година, во семејство на професионални музичари, а подоцна со своето семејство се преселил во Виена. И покрај младата возраст, Алексис веќе има значајно сценско искуство. Настапувал во големи оперски продукции на Виенската државна опера, меѓу кои „Кармен“ од Бизе, „Пиковата дама“ од Чајковски, „Отело“ од Верди, „Боеми“ од Пучини, „Жената без сенка“ од Рихард Штраус и „Возек“ од Берг. Настапувал и со Виенската филхармонија во „Пасион според Јован“ од Бах, како и во „Волшебната флејта“ од Моцарт. На десетгодишна возраст го остварил своето деби во Стокхолм како сопрански солист во Четвртата симфонија од Густав Малер, под диригентство на својот татко, Александар Гордон Земцов. На дванаесетгодишна возраст го изведувал солистичкиот дел во „Chichester Psalms“ од Леонард Бернштајн со Виенската филхармонија и хорот „Арнолд Шенберг“. Настапувал и во камерни концерти со истакнати музичари, меѓу кои Јука-Пека Сарасте и Пека Куусисто. Негови музички ментори се сопранистката Красимира Стојанова и диригентот Џими Чианг, а работел и со мецосопранот Тања Аријане Баумгартнер. За него се создадени и две нови дела - „Agnus Dei“ од украинскиот композитор Александар Родин и „Ave Maria“ од бугарската композиторка Борислава Танeва, кои ги праизвел во Финска. Покрај пеењето, Алексис изучува пијано, кларинет, виолина и виола. Особен интерес покажува и кон математиката и природните науки, а веќе има постигнато значајни резултати на национални математички натпревари.
Назад