НОВОГОДИШЕН КОНЦЕРТ ЗА ДЕЦА

НОВОГОДИШЕН КОНЦЕРТ ЗА ДЕЦА

Диригент:

Диригент:
Дијана Имери Илкоска

Актерка:
Симона Спировска

Драги деца,
Македонската филхармонија и оваа година концертната сезона ќе ја заокружи со најубавиот концерт кој сите ние долго го чекаме – Новогодишен симфониски концерт за најмладите!
Оваа 2023 година ќе ја испратиме со прекрасна музика од славните класични композитори и со сосема нова новогодишна бајка за деца – „Девојчето со книгите“, која е инспирирана од познатата бајка „Девојчето со кибритчиња“ од Ханс Кристијан Андерсен.
Ова е приказна која не потсетува на среќата, на убавината и добрината, но и на тагата и на несреќата. Всушност, зборува за сите оние работи за кои треба да бидеме свесни, а особено за хуманоста – да помагаме, да бидеме благородни и доблесни.
Пораката што сакаме да ја испратиме до вас, драги деца, преку оваа емотивна приказна, е дека во светот има деца и семејства кои се сиромашни, има деца коишто се гладни и боси, а на кои, секој од нас, колку што може и умее, треба да најде начин да им помогне.

Следни настани