ЗВУК НА ДВА МЕТРИ

ЗВУК НА ДВА МЕТРИ

Диригент:
Солисти:

Г. Малер: Песни за земјата

1. „Песна која ја пие тагата на земјата (“Das Trinklied vom Jammer der Erde“)
2. „Осамен во есента“ (“Der Einsame im Herbst”)
3. „За младоста“  (“Von der Jugend”)
4.  „За убавината“ (“Von der Schönheit”)
5. „Пијаница во пролет“ (“Der Trunkene im Frühling”)
6.  „Збогување“ („Der Abschied”)

 

„Песни за земјата“, Густав Малер (1860-1911) ја напишал во последните години од неговиот живот. Политиката и анти-семитизмот го принудиле да даде оставка како директор и диргент во Виенската Опера, иако важел за еден од најзнајачните композитори и диригенти. Неговата ќерка Марија починала, а потоа и на Малер му било дијагностицирано срцево заболување. Не сакал „Песни за земјата“ да ја означи како деветта симфонија бидеќи и самиот верувал во „проклетството на деветката“ (Бетовен, Шуберт, Дворжак починале откако ги напишале или почнале да ги пишуваат своите 9-ти симфонии). Сепак, Малер починал пред премиерата на своето дело во Минхен во  ноември 1911 година. Неговото последно дело всушност е неговата деветта симфонија која претставува своевидна музичка медитација за смртта.
„Песни за земјата“ е живописно симфониско дело, кое се базира на шест песни напишани за двајца солисти и оркестар, има комплексни делници во дрвените дувачи, во перкусионистичите делови и кај гудачите. Атмосферата емотивнно се движи од среќа и тага кон музички делириум кој претставува огледало на сите турбуленции и предизвици со кои Малер се соочил во својот живот. Текстот во песните е дериват од кинески поеми кои рефлектираат ставови на вечните теми за животот и смртта.
„Се соочувам со толку многу животни предизвици во последнава година и половина“, му напишал Малер на диригентот Бруно Валтер во 1909 година, кој во 1911 година ќе ја води премиерата на „Песни за земјата“, „толку се тешки што едвај можам да зборувам за нив. Како да ја опишам оваа колосална животна криза? Сепак, чувствувам жед да животот како никогаш досега. Овие чувства се рефлектираат и во старите кинески поеми кои претставуваат база на моето музичко дело“, му напишал Малер.
Самиот поднаслов на делото „симфонија за тенор, алт(или баритон) и оркестар ја сугерира музичката интенција на Малер да создаде дело кое ќе ротира меѓу два жанра – лидот и неговата проширена форма како вокален циклус и симфонијата. Како и во останатиот дел од неговото творештво, и во ова дело не постои граница меѓу двата жанра, нема поделба на црно и бело во естетскиот и формалниот концепт.
„Песна која ја пие тагата на земјата“ музички ја отсликува борбата против темнината,  но сепак доминира филозофијата на рефренот „темнината е живот, темнината е смрт. „Осамен во есентта“ е насловот на вториот спор став, кој почнува со уморна резигнација, градирајќи во доминантен музички климакс од очај, кој потоа повторно се претвора во умор, досада – сите пасии, сета надеж се губи, исчезнува.Следните два става „Младост“, „Убавина“ и „Пијаница во пролет“ музички рефлектираат мистично скерцо во три дела, кое претставува реминисценција, иронично потсетување на радоста во минатото.
Последниот став симболично насловен „Збогување“ е круна на ова музичко ремек дело на Малер. Овој став претставува хроника на телото и духот, апотеоза на животот и смртта, конечно прифаќање на смртта, преку големата кода во Це-дур која ја отсликува вербата во животот, финиширајќи го ова маестрално дело преку постепено исчезнување… „Секаде, засекогаш, тука и во вечноста…“Зборот „засекогаш“ се повторува девет пати. Засекогаш ќе постојат убавина и тага, солзи и среќа. Тивкиот музички заклучок на крајот од ова генијално дел го одзема здивот на слушателот со својата универзална вистина и мудрост.

Густав Малер 
Густав Малер (1860-1911) е австриски композитор од ерата на романтизмот, но и водечки диригент на неговата генерација. Неговото творештво претставува мост меѓу австро-германската традиција во 19 век и модернизмот во раниот 20 век. Неговиот музички талент бил откриен рано. Имал помалку од десет години кога го одржал својот прв пијано рецитал, а наскоро дипломирал композиција и почнал да ги диригира своите оперети, па дури и покомплексни музички дела. Неговата репутација зад музичкиот подиум доживува кулминација кога е избран да биде музички директор на Виенската опера (1897-1907) една од најзначајните институтции во тоа време. Инсистирал на техничка прецизност и цврсто држење кон оригиналната паритура, па затоа најголем дел од оперските пејачи не го сакале и не уживал голема популарност кај нив. Иако неговата работа како диригент била признаена и уживал статус на водечки маестро во времето кога живеел, неговата музика била потценувана, а повторно била откриена и валоризирана по Втората светска војна. Малеровата музика била забранета за време на нацизмот и Втората светска војна. По 1945 година неговите дела ќе бидат откриени од генерација нови слушатели, а Малер ќе стане еден од најизведуваните композитори, позиција која се уште ја држи и денеска. Во 2016 година музичкиот магазин на „Би-Би-Си“ ќе рангира три од неговите симфонии на листата од десет најдобри симфонии во историјата. Малер и исклучителен композитор, со препознталив музички јазик и стил и дестилирано чувство за оркестрација. Неговото музичко наслество било инсипирација за низа модерни композитори како Албан Берг и Арнолд Шенберг.

Следни настани