Хајке Веселс

Хајке Веселс (мецосопран) Германската мецосопранистка Хајке Веселс студирала на Универзитетот за уметности во Есен и на Националниот конзерваториум во Стразбург. Студиите ги комплетира со мастер класови кај Бригит Фасбиндер, Томас Хампсон и Дејм Гвинет Џонс. Во 2006 година ја добива наградата за најдобар млад изведувач на Вагнер на интернационалниот натпревар во Венеција. Како солистка настапувала на оперските сцени во Грац, Дортмунд, Виена, Франкфурт, Баден-Баден, Париз... Како концертен солист Веселс настапува на различни сцена под диригентската палка на Фридеман Лејер, Бертранд де Били, Филил Џордан, Џон Фјоре, Габриел Бебешелеа... Од 1918 година, работи како фриленсер во Германската опера. Концертните аранжмани ја носат и на сцената на Филхармонијата во Келн и во Националната концертна сала во Таипеи. Во 2019 година се враќа на сцената на Националниот театар во Манхајм како Херодијас во „Саломе“ и како солистка во третата симфонија од Густав Малер...

Skip to content