Филхармонија на РСМ е првиот и единствен симфониски оркестар во Северна Македонија, а со тоа и единствен постојан репрезент на симфониското творештво на македонската музичка сцена. Оркестарот е формиран на 24 ноември во 1944 година, по завршувањето на Втората светска војна и само 11 дена по

ослободувањето на Скопје. На ул. „Крушовска“ бр. 27, во домот на композиторот Тодор Скаловски, еден од стожерите на македонската музичка култура, се одржал првиот состанок на група музичари со цел да формираат симфониски оркестар, да го формираат првиот Државен оркестар, да ги стават темелите на една голема културна

институција, прва од таков вид во ослободена Македонија. Создавањето на Филхармонија во едно такво време-невреме, е всушност револуција во духовната смисла на зборот. Револуција што ќе ја направат само неколкумина уметници кои наместо пушки, во рацете ќе држат музички инструменти со кои ќе „пукаат“ со чудесните звуци на

најубавата уметност – музиката, погодувајќи ги нивните следбеници директно во срцето. Од тие скромни почетоци, па се до денес, во повеќе од седумдецениското постоење, Филхармонијата на РСМ остварила telefoonhoesjes a51see this незаборавни концертни мигови исполнувајќи широк репертоар од светската…

ШЕФ-ДИРИГЕНТ

ШЕФ-ДИРИГЕНТ

ЈЕРУХАМ ШАРОВСКИ

Роден во Буенос Аирес, Аргентина, маестро Јерухам Шаровски рано започнува да изучува музика, а потоа студира флејта, контрабас, композиција и диригирање на Националниот конзерваториум за музика во неговиот град. Во раните 70-ти имигрира во Израел каде што дипломирана Академијата за музика „Рубин“ во Ерусалим под палката на проф. Менди Родан. Во 1990 година, Шаровски ќе биде избран од славниот маестро Зубин Мехта да ја прими наградата „Млад артист на годината“ кога ќе ја добие и привилегијата да диригира со Израелската филхармонија, како и со другите поголеми оркестри во Израел.
По турнејата во поранешна СССР која за него ќе биде значајна во кариерата, во 1991 година станува уметнички директор и шеф-диригент на Симфонискиот оркестар „Раанана“ во Израел. Под палката на Шаровски овој оркестар ќе стане еден од најпопуларните симфонски ансамбли изведувајќи стотици дела и надвор од земјата. Од 98 до 2004 маестро Шаровски ќе раководи и со Бразилскиот симфониски оркестар на Рио де Женеиро со кој ќе патува на турнеи во Бразил и во Европа и ќе сними четири ЦД-иња. Тогаш Шаровски ќе го формира Младиот симфоники оркестар на Бразил кој ќе стане еден од најпознатите ансамбли во земјата. Со БСО ќе замине на турнеја и во САД, кога во „Централ парк“ во Њујорк, како и во „Линколн“ центарот ќе одржи концерти пред 50 илјадна публика кои ќе бидат високо оценети од публиката и критиката.
За време на својата кариера, маестро Шаровски диригирал со над 50 оркестри во повеќе од 20 различни земји, вклучувајќи ги и серијата концерти со маестро Лорин Мазел, диригирајќи со Минхенската филхармонија во Германија и со Симфонискиот оркестар на Ерусалимз аедно со Баварскиот радио-оркестар на концерти посветени на градот Ерусалим. Маестро Мазел ќе го предложи маестро Шаровски да биде и дел од жирито на „Мазел интернационалниот натпревар за диригенти“ (2002). Широк е неговиот репертоар и во однос на оперските изведби, а во последните години тој гради навистина успешна кариера на полето на едукацијата, одржувајќи мастер часови на значајни универзитети во светот.

ОРКЕСТАР

Skip to content