Весна Шуплевска-Јовчева

виолина

Потекнува од едно од најстарите музички семејства во Македонија –Шуплевски.Основното и средното музичко образование го завршува во МБУЦ „Илија Николовски-Луј“, а дипломира на Факултетот за музичка уметност во Скопје.Својата надградба ја продолжува кај виолинистот Леонид Пејсахов.Во 1998 година, завршува постдипломски студии и специјализација на Државната музичка академија во Софија, Бугарија, во класата на проф. Дора Иванова-Караконова. Уште како ученичка настапува како солист во земјата и во странство, а и повеќепати настапувала како солист со Македонската филхармонија. Добитник е на повеќе први,втори и трети награди на натпревари во поранешната Југославија. На меѓународниот натпревар „Земјата и луѓето“ во Софија во 1995 година,Весна Шуплевска и Катерина Костадиновска,како пијанистичко дуо,се добитници на специјална награда за најдобра изведба на Шубертови сонати.Како дуо учествувале и на фестивалите  „Охридско лето“ и „Скопско лето“. Била активен учесник на семинари по виолина кај познатите професори Евгенија Чугаева,Марина Јашвили,Минчо Минчев и др.Во 1995 година се вработува во Македонската филхармонија, каде што, исто така, е член на Камерниот оркестар при Филхармонија.Таа е редовен соработник во оркестарот за филмска музика F.A.M.E.’S.

Како љубител на природата, своето слободно време заедно со семејството го поминува во природа,посетувајќи ги убавите места во Македонија.

Skip to content