Томислав Апостолов

виола

Своето музичко образование го започнува на седумгодишна возраст во Музичко-балетскиот училиштен центар „Илија Николовски-Луј“,каде што го изучува инструментот пијано,а потоа виолина.Во средното музичко образование ја изучува виолата и подоцнасе запишува на Факултетот за музичка уметност во Скопјево класата на проф. Љубомир Господинов.Дипломира во 2003година во класата на доцент Фросина Балова.Има настапувано на училишните концерти и има повеќе настапи на концертитена Факултетот за музичка уметност. Бил член на Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија, „Скопски солисти“,нордиско-балканскиот оркестар NORBAL,со кој настапувал на фестивалите „Скопско лето“, „Охридско лето“ и белградскиот „Белеф“.

Во 1997 година освојувавтора награда на државниот натпревар по музика.Како активен учесник ги посетува семинарите на Благоја Димчевски и Svava Bernhardsdottir. Член е на оркестарот на Македонската филхармонија од 2007 година и досега имал можност да соработува со големи уметници, диригенти и солисти.

Skip to content