Паскал Краповски

водач на виолончела

Својот уметнички израз активно го презентира на концертните подиуми низ Македонија и во странство. Професионалниот ангажман како водач-виолончелист при Македонската филхармонија му овозможува активно да се занимава и со камерното музицирање како член на триото „Парнасус“ и на “Music Progressive Quartet”. Покрај изведувачката дејност, активно се занимава со педагошка и со истражувачка дејност.

Роден е во семејство со долга музичка традиција. Своето образование го започнува со Ристо Краповски и со Диме Стојанов во Скопје, по што продолжува со додипломски и постдипломски студии во класата на Анатоли Крстев на Државната академија „Панчо Владигеров“ во Софија. Во периодот 2018/2019 година, имал академски престој на Универзитетот на Северно Колорадо во САД, како асистент во класата на Гал Фаганел.

Skip to content