Мојца Седеу

тимпани

Дипломира во својот роден град Скопје. Специјализација за удирачки инструментизавршува во 1995 годинана Државната музичка академија во Софија, во класата на проф. д-р Добри Палиев, а магистрира во 1997 година на истата академија. Специјалистички студии по камерна музика завршува во 1998 година.

Првите оркестарски искуства ги стекнува на 16 години во Градскиот дувачки оркестар, потоа во Танцовиот откестар на МРТВ, МОБ и Македонската филхармонија, а од 1994 е постојан член на Филхармонија. Како солист и камерен изведувач, има настапувано во Англија, Канада, Бугарија, Германија, Италија и др. Соработувала во проекти и од други жанрови заедно со Heinz von Moisy, Ray Charles, Rhani Krija, Tavitjan Brothers…

Со многустрана дејност, промовирајќи интерпретација на разни видови удирачки инструменти, е една од најактивните музичари во својата генерација, а повеќе автори, инспирирани од нејзината креативна изведба, посветиле дела за удиралки.

Добитник е на награда за инструменталисти на интернационалниот натпревар „Музиката и Земјата“ и специјална награда за интерпретација од Здружението на композиторите на Бугарија во 1998 година. Во истата година добива признание за високопрофесионална презентација на тема „Камерна музика за удиралки“ Performing Arts Center Multimedia, а во 2001 година признанието „Одлична педагошка работа“ – интернационален конкурс „Палиев – Финк“. Во 2006 година е добитник на наградата „Георги Божиков“ од СОКОМ.

Од 1998 година е професор на Факултетот за музичка уметност во Скопје, а предава и на државните факултети за уметности во Приштина и во Тетово. Основач е на ансамблот за удирачки инструменти „Сонант“ во 1998 година.

 

Љубител е на природата и ужива да патува. Таа е меѓу првите жени-пилоти со делтаплан, кон крајот на 1980-тите години.

Skip to content