Магдалена Муратовска

виолина

Основно и средно музичко образование завршува во класата на проф. Наташа Малиновска, а додипломски студии на Факултетот за музичка уметност во Скопје кај проф. Олег Кондратенко.

Меѓу низата признанија и успеси на полето на класичната музика како соло-виолинстка и како дел од најразлични камерни состави, има постигнато голем број награди на државни и на интернационални натпревари, од кои поважните се: трета награда на Меѓународниот натпревар “МоzartianaM” (2006),прва награда на Државен натпревар по виолина (2007),прва награда на Државен натпревар по камерна музика(2008),прва награда на Државен натпревар по виолина (2010),втора награда на 8.меѓународен фестивал на гудачи во Сремска Митровица, Србија (2010), прва награда на Меѓународниот натпревар „АрсКосова“ во Приштина (2010), Специјална награда на Државен натпревар по камерна музика (2011), Специјална награда на Државен натпревар по камерна музика – трио(2011), втора награда на 9.меѓународен фестивал на гудачи во Сремска Митровица.Освен како истакната виолинистка, дел е и од најразлични камерни состави.

Skip to content