Ивана Темелкоска

виола

Завршува виола во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ кај проф. Љупчо Соколов. Високото образование го продолжува на Музичката академија во Љубљана во класата на проф. Миле Коси, каде што дипломира во 2011 година на два отсека, педагошки отсек – професор по виола и уметнички отсек – академски музички виолист. Во текот на студиите, соработува со Симфонискиот оркестар на РТВ Словенија. Втор циклус студии завршува на Факултетот за музичка уметноство Скопје и се стекнува со звањето магистер по музички науки.

Има учествувано на голем број државни и меѓународни натпревари по виолина, виола, камерна музика и освојува голем број награди. Има посетувано семинари по виолина кај проф. Благородна Танева (Бугарија), по виола кај Миле Коси (Словенија), Георг Хаман (Австрија), Хато Бејерле (Германија), Огнен Станчев (Бугарија). Има одржувано повеќе солистички рецитали и настапува како солист со Македонската филхармонија. Исто така, има остварено многубројни концерти низ Европа со младинските оркестри Cei – Youth Orchestra и Wiener Junesse Orchestrer и била член на оркестарот на Музичка младина на Македонија. Активен член е на F.A.M.E.’S.project – Orchestral music Recording.

Слободното време го поминува со семејството и ужива на излети во природа на чист воздух.

Skip to content