Емил Чичоновски

виолина

Роден е во 1991 година во Битола. Дипломирал во 2014 година во класата на проф. Љубиша Кировски. Во 2015 година, станува редовен член во оркестарот на Македонската филхармонија. Добитник е на бројни награди за соло и камерно музицирање на државно и на меѓународно ниво. Посетувал семинари и мастер-класови кај еминентни виолинисти во Макеоднија и во странство. Во 2017 година, настапува на турнеја во Франција со Светскиот младински оркестар ”Mediterranean youth Orchestra– MYO ”, под диригентската палка на маестро Пабло Херас-Касадо. Покрај ангажманот во оркестарот на Македонската филхармонија, редовно настапува и со оркестарот за филмска музика ”FAME’S Project” во Скопје.

Обожава да патува. Покрај музичката уметност, го интересираат и филмската и ликовната уметност. Негово хоби е спортот. Кога не би бил виолинист, професионално би се занимавал со спорт.

Skip to content