Драган Младеноски

прва труба

Роден е во Скопје. Основно и средно музичко училиште завршува во Скопје во класата на проф. Благој Ангеловски и проф. Васо Ристов.Дипломира на Факултетот за музичка уметност во Скопје во 2005 година во класата на проф. Васо Ристов, а моментално е на магистерски студии на истиот факултет. Активен учесник е на бројни семинари, мастер-класови во Ница, Софија, Белград, Нови Сад, Охрид, Скопје….

Добитник е на повеќе награди на интернационалниот натпревар во Сан Ремо, Италија. Од 2002 година работи како прв трубач во Македонската филхармонија. Настапувал во земјата и во странство, на фестивалите „Скопско лето“,„Штипско лето“, како и на фестивали во Нови Сад, Белград, Софија и др.

Skip to content