Денис Емин

четврта хорна

Од 2008 година е вклучен како надворешен соработник во престижниот оркестар на Македонската филхармонија, потоа во 2013 година полага аудиција и се вработува како хорнист во оркестарот. Во 2009 година, успешно го завршува дипломскиот испит, а во 2011 година се стекнува со диплома за магистерски студии. За  време на своите студии и како надворешен соработник на престижниот оркестар, тој ги усовршува своите квалитети преку многубројните рецитали, концерти и државни натпревари каде што освојува второ и трето место.

Во текот на својата кариера со оркестарот на Македонската филхармонија свирел на многубројни турнеи низ светот во најпознатите оркестарски сали, како што се концертите во Оман, Кина, Шпанија, Израел, Босна и Херцеговина, Загреб итн.

„Ми претставува особена чест и задоволство што сум имал можност да се дружам со многу познати светски солисти од најразлични земји, меѓу кои би ги издвоил Радован Влаткович, Штефан Дор, фрацуската група трио „Ана Кап“ и други.Исто така,носител сум на проектот ‘Скопски квартет хорни’ со кој реализираме концерти низ Македонија.Слободното време го користам со моето семејство, уживајќи во добра храна, чист воздух и пешачење“.

Skip to content