Дарко Трајковски

виолина

Дипломира на Музичката академија во Скопјево класата на проф.Михајло Куфојанакис. Член е на Македонската филхармонија од 2000 година. За време на школувањето, добитник е на повеќе награди за соло-виолина и камерна музика.

Професионалната наобразба ја надополнува како член на Балканскиот симфониски оркестар во Софија, на оркестарот на Музичката младина на Македонија, Алтенбург фестивал оркестар во Германија,Дартингтон фестивал оркестар во Англија, „Скопски солисти“…Со Македонската филхармонија,под дирегенската палка на светски познати диригенти, настапува на редовните турнеи во европските земји.

,,Обожавам велосипед и мотоцикл,слободата на движењето ме плени. Како мало дете го чекам првиот снег на планините за да летнам со скиитепо планините. Ги крстосувам прекрасните македонски езера,шумот на брановите кои удираат во чамецот ми е како тивка музика.Музиката во моето семејство е во гените,мојот татко Левче,пензионер,поранешна прва хорна во Македонската филхармонија,е еден од оние што цигла по цигла,40 години, ја градеа,чуваа,унапредуваа Филхармонија,за денес јас и моите колеги да бидеме горди што сме дел од оваа бајка наречена Македонска филхармонија“.

Skip to content