Владимир Костов

концертмајстор

Роден е во Битола, а дипломира и магистрира на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата на проф.Михајло Куфојанакис.Усовршувањето го продолжува кај повеќе истакнати педагози, меѓу кои: Сихана Бадивуку, Благоја Димчевски, Корнелија Бронзети, Ирина Бочкова, Наталија Пришепенко. Членувал во Светскиот симфониски младински оркестар и оркестарот “No borders”.Покрај солистичите настапи,особен афинитет има кон камерната музика, членувајќи во ансамблот за современа музика „Алеа“, камерното студио за барокна музика „Бахус“, квартетот „Бревис“.Основач е на клавирското трио ВАМ, а свирел и во ансамблот за современа музика „Контемпора“, и во многу други камерни формации. Настапува како солист со Македонската филхармонија и Камерниот оркестар и на повеќе фестивали и манифестации во Македонија, Украина, Германија, Австрија, Велика Британија, Србија, Бугарија, Хрватска, Полска и др.

Основач е на фестивалот за млади виолинисти „Виолин фест“. Моментално работи и како вонреден професор на Факултетот за музичка уметност во Скопје.

 

,,Да бидам концерт-мајстор на Македонската филхармонија е моја желба од првите моменти кога почнав да ја осознавам музиката. Работата во овој оркестар за мене е огромна чест,задоволство и одговорност.Како секој битолчанец,кафето со пријателите ми е од бесценета вредност. Море,плажа,дружењето со колеги и пријатели, готвењето… се само неколку од работите со кои си ги полнам батериите. Медицината секогаш ќе ми остане пасија,а компјутерската графика и обработка на фотографии –мое хоби“.

Skip to content