Бојан Талески

виола

Роден е во1985 година во Скопје. Започнува да свири на виолина од осумгодишна возраст, а на 15 години продолжува на виола кај проф. Јован Бицевски ина овој инструментги завршува своите студии на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата на проф. Фросина Балова. Во текот на студирањето, соработува со неколку значајни музичари и професори за него, како што се Рикардо Мути, Дејан Млаѓеновиќ, Ана Глишиќ, Игор Корети, Ерик Бок, Ѓорг Хаман, Давид Бјоркман, Симон Трпчески, Борис Березовски, Питер Шепард и има многубројни настапи на фестивали(International Youth Music Festival Postojna, Virserum Musikdagar, Young euro classics-Berlin, Chaise-Dieu , Spilberk music festival, Frankische musictage, како член и водач на група виоли во неколку оркестри и ансамбли надвор од Македонија, и тоа: Vienner jeunesses symphony orchestra(VJSO), Young musicians international symphony orchestra(YMISO),Young european strings orchestra(YESO), Maribor international orchestra(MIO), International youth orchestra academy Bern, Con tempora, „Аксиосквартет“, квартет „Филхармонија“.

Добитник е на награди на неколку државни и меѓународни натпревари во Македонија и во Бугарија. Има настапувано како солист со оркестарот на Македонската филхармонија и оркестарот на Македонската опера и балет, како и Камерниот оркестар на Факултетот за музичка уметност.Во периодот 2007 – 2015 година работи во Симфонискиот оркестар на МОБ, а во периодот 2010 – 2014 годинапредава виола во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“. Од 2015 година, Талески е редовен член на Симфонискиот оркестар при Македонската филхармонија, како и солист на оркестаротза филмска музика на F.A.M.E.’S. Project.

„Зависник сум од Густав Малер, современа технологија, научнофантастични филмови и скара во природа со добро друштво. Слободното време ми е резервирано за најблиските и фамилијата, а слободни викенди речиси немам, за тоа е ’виновна‘виолата… но љубовта кон неа и музицирањето е преголема“.

Skip to content