Боро Станковски

виола

Роден е во 1976 годинаво Скопје. Нижо музичко училиште завршува во класата на проф. Маре Мандичева, а средно во класата на проф. Зоја Марковиќ. Во 2001 година, дипломира на Факултетот за музичка уметност во Скопје на отсекотза виола во класата на проф. Љубомир Господинов. Во 2002 година, заминува на специјализација во Малме, Шведска, каде што останува до 2004 година во класата на проф. Хенрик Френдин и Маркус Фалкбринг. Во текот на својата кариера, учествувал на многу семинари кај реномирани професори, а се занимава со камерно и оркестарско музицирање. Од 2007 година е постојан член на Македонската филхармонија.

Skip to content