Андреа Спирова

виола

Андреа Спирoва е родена 1990 во Скопје. Своето основно музичко образование го завршува во класата на проф. Александра Младенова – виолина. Во 2009 година завршува во средното музичко училиште „Илија Николовски – Луј“ во класата на проф. Јован Бицевски – виола. За време на средношколските денови настапува надвор од нашите граници со “CEI” оркестарот за млади успешни уметници од секоја земја, со исполнети концерти во Австрија, Словенија и Италија. Освоила прво место на натпревар во Битола и второ место во Ниш-Србија како солист и прва награда со Камерен оркестар во Скопје. Во 2013 година успешно ги завршува своите студии во класата на М-р проф. Фросина Балова – виола со највисока оцена Cum Laude. Потоа веднаш запишува постдипломски студии во класата на М-р проф. Фросина Балова и успешно магистрира со највисока оцена. Во 2012 година додека е на студии волонтира во Македонската Филхармонија, потоа станува редовен хонорарен учесник, а од 2016 година е во редовен работен однос. Своето најголемо искуство го стекнува во својот основен дом Македонската Филхармонија, исто така и во студиото “F.A.M.E.S. project – Orchestral music Recording” каде што учествува од 2013 година до денес. Со Македонската Филхармонија настапувала во Србија, Хрватска, Шпанија, Кина, САД…

„Покрај љубовта кон свирењето, успешно слика уметнички слики, во слободно време сака да пее и да пешачи во природа“.

Skip to content