Јана Шуплевска-Малевска
виолончело
Родена е во 1973 годинаво Скопје.Основно, средно и високо образование завршува во родниот град.Дипломира на Факултетот за музичка уметност во Скопје во 1995 година, на одделот за виолончело, во класата на проф. Душка Тасеска.
Од 1996 година е вработена во Македонската филхармонија и учествува како виолончелист во оркестарот на повеќе од 700 концерти. Со Македонската филхармонија гостува во Шпанија, Бугарија, Израел, Оман, Србија, Хрватска и други земји.Во 1998 година, го основа женскиот камерен квартет „Кале“, со кој има одржано повеќе десетици настапи.Има учествувано и во меѓународни оркестри: „Атенеум“ во Грција, „Балкански симфониски оркестар“ во Грција, Германија и други.