Сашко Темелкоски

бас кларинет

Роден е во Скопје.Средното образование го завршува во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ во класата на проф. Стојан Димов и проф. Петар Колевски. Дипломира на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата на проф. Иван Кочаров, а постдипломски студии завршува во 2010година под менторство на проф. Стојан Димов.

Има посетувано семинари по кларинет и камерна музика кај Петко Радев (Бугарија), Џастин О’Дел (САД), Опера – Берлин камерни солисти (Германија), учество во младински европски оркестар DE JUNES – (Франција). Има остварено изведби на театарските претстави „Последната одисеја“ МНТ – Скопје / „Хелена Моджејевска“ – Легница, Полска, и „Печалбари“ – „Трајко Прокопиев“ во Куманово. Активен член е на F.A.M.E.’S.project – Orchestral music Recording. Член е на камерниот состав „Консонанс“, со кој бележи еден компакт-диск. Како солист камерен музичар,настапува и со симфониски оркестри на значајни фестивали во државата и надвор од неа („Скопско лето“, „Денови на македонска музика“, „Есенски музички свечености“, „Интерфест“– Битола, „Охридско лето“, „Подиум на млади“, „Номус“, „Бемус“, настапи во Полска, Њујорк – САД, Дубаи, Франција, Италија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска, Бугарија…Од 2006 година е вработен во Македонската филхармонија како бас-кларинетист – трет кларинет.

Слободното време сака да го поминува во дружба со пријателите и фамилијата, со добар филм, прошетки во природа и риболов.

Успешно се претплативте на нашиот билтен

Имаше грешка при вашето испраќање. Ве молиме обидете се повторно

Филхармонија will use the information you provide on this form to be in touch with you and to provide updates and marketing.
Skip to content