Марија Прокофиева започнала со своето музичко образование и свирење на виолина од петгодишна возраст под менторство на нејзината мајка. Од 2013 година Марија го продолжила своето образование на Новосибирксата Специјализирана школа за музика во класата на проф. Елена Баскина. По завршувње на своите студии во Русија, Прокофиева се преселила во Чешка република каде што ја продолжила својата кариера и студии под менторство на проф. м-р. Јан Дрха. Моментално е студентка на Академијата за Музички Уметности во Прага во класата на проф. Јидржих Паздера. Во текот на нејзините студии Прокофиева учествувала на неколку мастер класи и курсеви меѓу кои се набројуваат и Меѓународните летни курсеви „Отакар Шевчик“ и Транс-Сибирскиот Фестивал за Уметност каде што ја добила можноста да соработува под менторството на виолинистот Вадим Репин. Марија Прокофиева исто така настапила како солистка со Новосибирската Филхармонија. Истовремено со своите студии се посветува и на оркестарската музика. Била многупати член на проекти со Плзењската Филхармонија, Филмската Филхармонија во Прага и останати. Ева Стрејцова (*18.09.2000) почнала со свирење на пиjано од својата шеста година. Своето музичко образование го продолжила на Конзерваториумот во Теплице, Република Чешка, под менторството на Проф. д-р Роман Фрич. Моментално е студентка во втора година на Музичкиот Факултет на Академијата за Изведувачки Уметности во Прага, Чешка Република во класата на Проф. д-р Лукаш Клански. Учествувала на голем број на натпревари во Чешка република и голем број на меѓународни натпревари во Европа каде што многупати освоила лауреат. Меѓу нејзините успеси се вбројуваат и прва награда на Меѓународниот натпревар „Витеслав Новак“, прва награда на Меѓународниот натпревар Про Бохемиа во Острава, прва награда на натпреварот „Бетовенови Теплице“ а втора награда на натпреварот „Густав Малер“. Ева Стрејцова настапила како солистка со Плзењската и со Северочешката Филхармонија Теплице под диригентската палка на Петр Вронски. Учествувала и на мастер класи со реномираните пијанисти Иван Клански и Микеле Кампанела. Олег Цингарски (*19.04.2001) го започнал своето музичко образование од својата осма година во основното музичко училиште „Илија Николовски- Луј“ во Скопје, Република С. Македонија во класата на Проф. м-р. Драган Гоневски. По завршувањето на своето основно образование Олег продолжил во средното музичко училиште „Илија Николовски- Луј“ каде што матурирал во 2019 година. Истата година е примен на Конзерваториумот во Прага, Чешка република. Две години студирал во класата на Проф. д-р Михал Кањка и Проф. м-р Мирослав Петраш. Во 2021 успешно ги завршува студиите на Конзерваториумот во Прага. Од 2021 Олег Цингарски е редовен студент на Академијата за Музички Уметности во Прага во класата на Проф. д-р Михал Кањка. За време на своите студии учествувал на државни натпревари во Р. С. Македонија и меѓународни натпревари во Чешка република, Бугарија и Србија каде што освојувал први, втори и трети награди. Олег Цингарски редовно посетувал и мастер класи на своите сегашни професори како и на солистите Михаела Фукачова (Чешка), Даниел Милер- Шот (Германија), Томаш Страшил (Чешка), Александар Латкович (Србија) и многу други. Во рамките на оркестарската кариера има настапувано под диригентската палка на Томаш Нетопил, Томаш Браунер, Леош Сваровски, Роберт Кружик, Мириам Њемцова, Ле Фи Фи, Елизабет Атл. Во Чешка република имал можност да настапува со солистите Јан Мрачек, Лукаш Вондрачек, Радек Баборак и многу други.