Младински Оркестар на Европска Унија - EUYO

Најдобриот амбасадор на ЕУ,, - Жан Клод Јункер, поранешен Претседател на Европската Комисија Младинскиот Оркестар на Европска Унија – EUYO е еден од најеминентните симфониски оркестри. Составен е од 120 селектирани музичари (селекција од 2500 пријавени кандидати) на возраст од 16 – 26 години, кои доаѓаат од 27те земји од ЕУ. На крајот на 2022 година, Оркестарот со гордост го претстави својот нов дом во Графенег, поддржан од Владата на Австрија. EUYO има работено со голем број на врвни светски музичари, почнувајќи од светски познатиот диригент Клаудио Абадо, кој е еден од основачите на овој оркестар па се до нивниот Шеф Диригент -Василиј Петренко. EUYO има реализирано стотици концерти на петте континенти, вклучувајќи ги настапите и на BBC Proms, Carnegie Hall и Musikverein во Виена. Неодамнешните проекти ги вклучуваат и Frontrunners едукативен Хаб, серијата на концерти Мир во Европа, Музички Хаб Австрија и Кафе Баухаус. Сите овие иновативни проекти се поврзани со тековните и моментални прашања кои ги засегаат општествата. EUYO е поддржан од програмата Креативна Европа при Европската Комисија и 27те земји членки на ЕУ.

Skip to content