Јонијан Илијас Кадеша

Јонијан Илијас Кадеша има грчко-албански корени, а живее во Берлин. Неговата изведба се карактеризира со стилска посветеност и егзактна артикулација во интерпретацијата на дела од сите музички епохи. Кадеша секогаш трага по имагинацијата на звукот, постојано барајќи нови звучни хоризонти. Добитник е на повеќе интернационални награди меѓу кои и на натпреварите „Виндзор“ и на „Леополд Моцарт“...Како млад виолнист неодамна дебитира со Шкотскиот камерен оркестар, со Ројал филхармоник оркестра, со Новиот руски државен оркестар, под диригентската палка на Јури Башмет, и со камерниот оркестар на Европа. Дебитираше со Атинскиот државен оркестар во 2019 година со кој го изведе Виолинскиот концерт на Никос Скалкотас, кој заедно со дела од Енеску и Равел се најде и на неговиот албум. Заедно со челистот Вашти Хантер, тој го сними и албумот „Патување за двајца“ со дела на Онегер, Скалкотас, Ксанакис и Кодаљ. ​Јонијан Илијас Кадеша веќе настапува на водечките светски сцени и на познати фестивали во Европа. Во август, 2020 година, по неколкумесечна коцертна пауза во германската престолнина, тој го отвори фестивалот на „Млади европски класици“ во Берлин. Настапувал и во Вигмор Хол, во Лувр, со Филхармонијата на Берлин, на фестивалот „Резонанс“ во Белгија... Како солист настапувал со повеќе оркестри во Европа. Во неговата концертна агенда за сезоната 2020–2021 година, освен концертот со Филхармонијата на РС Македонија, Кадеша ќе го изведе и Концертот бр. 2 за виолина и оркестар од Шостакович заедно со Државниот симфонски оркестар во Атинаи со камерниот оркестар „Лондон Моцарт плејерс“... Камерната музика го врзува со познати музичари како што се Марта Аргерич, Стивен Исерлис, Николас Алштед, Илја Григолтс... Тој е коосновач на триото „Гаспард“ со кое настапува во Европа и во САД. Свири на виолина изработена од Џовани Батиста Гуаданини од 1749 година.

Skip to content