Шaрон Кам

Шерон Кам е една од водечите кларинетиски на светската музичка сцена која во последниве 20 години настапува како солистка со најпознатите оркестри во САД, Европа и Јапонија. Моцартовите ремек -дела се главен фокус во нејзиниот репертоар од почетокот на нејзината кариера. На 16 години го извела Моцартовиот Концерт за кларинет и оркестар, со кој дебитирала како солистика со Израелската филхармонија водена од славниот диригент Зубин Мехта. Кратко потоа, го изведува Квинетот за кларинети од Моцарт заедно со гудачкиот кварттет „Гуарнери“ во Карнеги Хол во Њујорк. Како дел од прославата на 250 годишнината од раѓањето на Моцарт, во Националниот театар во Прага, таа го свири Моцартовиот концерт за клариент и оркестар, а изведбата се пренесува во живо во 33 земји и е издадена на Ди-ви-ди. Истата година таа го реализира својот долгогодишен сон, го снима истиот концерт на заеднички албум со повеќе музичари. Како пасионирана камерна музичарка, Шерон Кам редовно настапува со уметници како Ларс Вогт, Кристијан Тецлаф, Даниел Милер -Шот, Каролин Видман и квартетот „Ерусалим“. Освен класичната музика, и нејзиниот омилен композитор – Моцарт, Кам премиерно извела и неколку дела на современи композитори како Кшиштоф Пендерецки, Херберт Вили, Иван Ерод и Петер Рузичка. Нејзиниот репертоар опфаќа повеќе различни епоги – од класика до модерна музика и џез. Два пати ја добила наградата „Музичар на годината“ – за изведбата на Вебер со оркестарот на Лајпциг воден од маестро Курт Мазур и за нејзиниот албум кој го сними со Радио оркестарот на Лајпциг со дела од Шпор, Вебер, Росини и Менделсон.

Skip to content